Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет на овогодишниот Ролан Гарос, но успеа да го совлада Пабло Карењо Буста со 4:6/6:3/6:2/6:4 за да се пласира во полуфиналето, каде што го очекува дуел со грчкиот талент Стефанос Циципас, кој претходно се пласираше во прво гренд слем полуфинале во кариерата. Во второто полуфинале ќе играат „кралот на земја“, Рафаел Надал и 12. носител, Аргентинецот Диего Шварцман, човекот кој го победи Надал на неодамнешниот Мастерс во Рим. Карењо Буста успеа да го „начека“ успорениот Ѓоковиќ во првиот сет за со еден брејк да поведе со 1:0 во сетови, но светскиот број 1 се врати во следните два сета, освојувајќи ги релативно лесно без поголем отпор во Шпанецот, пред во последниот сет да имаше проблеми со правење брејк, но на крајот го комплетираше мечот. Интересно, ова беше втор дуел на Ѓоковиќ и Карењо Буста на гренд слем турнирите оваа година, по контроверзниот меч на САД опен, кој заврши со дисквалификација на Србинот по удирањето со топче на линиската судијка.
Новак се намачи, но го мина Карењо Буста за пресметка со Циципас
пред 4 години