Фудбалерот Кристијан Јакиќ најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во германски Ајнтрахт Франкфурт, тврди италијанскиот спортски новинар Николо Шира. Наводно, Германците на сегашниот клуб на Јакиќ, загребски Динамо му понудиле 9 милиони евра.
Шира тврди дека преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува 24-годишниот фудбалер од средниот ред да потпише петгодишен договор со клубот од Франкфурт.
Вчера „SkySports“ објави дека Јакиќ е прв избор за „орлите“ и дека спортскиот директор на овој клуб е уверен дека токму тој е решение за проблемите на средината на теренот.
Јакиќ во Динамо дојде од тимот на Локомотива минатото лето за 1,2 милиони евра.