Хамилтон: Неприфатливо е однесувањето на Ред Бул

Хамилтон: Неприфатливо е однесувањето на Ред Бул

пред 3 години

Луис Хамилтон, по трката во Унгарија, упатил жестоки критики до најголемите ривали, Ред Бул. Страстите помеѓу Мерцедес и Ред Бул зовреа во Силверстон, кога Хамилтон го исфрли од патеката Макс Ферстапен. Холанѓанецот заврши во болница на дополнителни прегледи, а Хамилтон се најде на удар бидејќи жестоко ја прослави победата во Британија.

„Искрено воопшто не ме изненадува што луѓето од менаџментот на Ред Бул зборуваат за мене. Би можеле малку да размислат за своите постапки додека трае летната пауза. Ќе мора внимателно да ги бираат зборовите. Ние траба да бидеме идоли, да им помогнеме на луѓето позитивно да размислуваат“, рекол Хамилтон.

„Јас сум горд на мојот тим. Останавме мирни во ураганот од емоции. По Силверстон останавме смирени, заминавме во Унгарија каде што имавме одлична трка“.

Хамилтон, по Унгарија се врати на челната позиција во генералниот пласман. Тој има 185 поени, осум повеќе од Ферстапен.

Share
Scroll to Top