Нови тројца заразени во Манчестер сити

Нови тројца заразени во Манчестер сити

пред 3 години

Уште тројца членови на Манчестер сити се заразени со коронавирусот. На последното тестирање, пред мечот со Манчестер јунајтед, во Лига купот, позитивни на вирусот биле еден член на стручниот штаб, резервниот голман Скот Карсон и фудбалерот Кол Палмер.

И покрај тоа што имаат осум заразени во тимот, Сити ќе го одиграат мечот со градскиот ривал. Сити, во неделата, без шестмина фудбалери, го победи Челси со 3:1.

Покрај Карсон и Палмер, од претходно се во изолација голманот Едерсон, односно Кајл Вокер, Ерик Гарсија, Габриел Жесус, Феран Торес и Томи Дојл.

Share
Scroll to Top