Нов луд боксерски меч – „најстрашниот човек на планетата“ против „Иранскиот Хулк“!

Нов луд боксерски меч – „најстрашниот човек на планетата“ против „Иранскиот Хулк“!

пред 3 години

Боксерските мечеви во последно време наликуваат на вистински циркус, со Јутјуб ѕвезди, истрошени боксери во години и НБА кошаркари во рингот, така што не изненадува што ќе се организира и еден од најбизарните досега.

Мартин „Најстрашниот човек на планетата“ Форд, конечно ќе влезе во ринг против Саџад „Иранскиот Хилк“ Гариби во боксерски меч на 2 април 2022 година. Шпекулациите за меч помеѓу двајцата „џинови“ се појавија уште во 2018 година, но сега двајцата конечно се договорија за меч во „О2 Арената“ во Лондон следната година.

Форд е познат британски актер, бодибилдер и личен тренер со над 3 милиони следбеници на Инстаграм поради неговата импресивна сила и физичка подготвеност, додека кревачот на твоар, Гариби стана атракција со својата мускулатура. Двајцата немаат боксерско искуство, иако Форд тренира за ММА борби неколку години.

Share
Scroll to Top