Нов тренер во ПСЖ – надеж за Икарди

Нов тренер во ПСЖ – надеж за Икарди

пред 4 години

Смената на Томас Тухел од кормилото на францускиот шампион ПСЖ би можела во потполност да го промени статусот на Мауро Икарди кој беше во немилост на Германецот, јавуваат аргентинските медиуми.

Икарди потполно беше во втор план затоа што Тухел многу често го користеше Моис Кин, но сепак, мора да се напомене дека Аргентинецот долг период беше и повреден.

Сепак, во Аргентина се надеваат дека Покетино ќе му пружи поголема шанса на сонародникот чиј договор од Интер „Светците“ го откупија за 50 милиони евра, по едногодишната позајмица.

Икарди за ПСЖ одигра 39 меча и постигна 22 гола, надополнети со 4 асистенции.

Share
Scroll to Top