Норвешка, сепак, нема да го бојкотира СП во Катар

Норвешка, сепак, нема да го бојкотира СП во Катар

пред 3 години

Норвешка нема да го бојкотира Светското првенство во Катар во 2022 (доколу успее да се квалификува), откако повиците за бојкот поради човековите права во арапската земја беа отфрлени на гласањето на Норвешката фудбалска федерација (НФФ).

На вонредниот конгрес на НФФ, 368 делегати гласаа против бојкотот, додека 121 беа за бојкотирање. Пред гласањето, од Норвешката асоцијација на навивачи (НСА) објавија дека учеството на СП би било како играње на „фудбал на гробишта“ поради големата смртност на имигрантите-работници во оваа земја.

Норвешка, која не се квалификувала на големо натпреварување од ЕП 2000, е на четвртото место во својата група во квалификациите. И покрај релативно слабите шанси за квалификување, доколку се изгласаше бојкот немаше да се играат квалификации и ќе следуваше казна од УЕФА и ФИФА.

Повиците за бојкот почнаа кога прволигашот Тромсо прв јавно проговори против кршењето на човековите права во Катар во февруари, а јавната анкета објави дека 49 отсто од Норвежаните се за бојкотирање.

Share
Scroll to Top