Нотингем Форест го промени тренерот

Нотингем Форест го промени тренерот

пред 9 месеци

Стив Купер повеќе не е менаџер на Нотингем Форест, објави англискиот премиерлигаш, откако веќе започна преговори со поранешниот менаџер на Вулверхемптон и Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, како можен наследник на отпуштениот 44-годишен стручњак.

Форест на последните шест натпревари во Премиер лигата освои еден бод, а во последните 13 кола имаат една победа, седум порази и пет нерешени. Тимот е на 17. место со 14 бодови, пет повеќе од Лутон и шест од Барнли и Шефилд Јунајтед кои се во зоната за испаѓање.

Форест соопшти дека ќе го објават името на новиот селектор „во догледно време“, но новинската агенција ПА објави дека 49-годишниот Португалец Нуно Еспирито Санто е префериран кандидат за преземање на тимот. Португалскиот стручњак е надвор од терените откако го напушти саудискиот клуб Ал Итихад во ноември и се чини дека е подготвен да се врати во Премиер лигата две години откако беше отпуштен по краткиот четиримесечен период во Тотенхем.

Share
Scroll to Top