Нотингем Форест одби профитабилна понуда за Еланга

Нотингем Форест одби профитабилна понуда за Еланга

пред 1 ден

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест ја одби понудата од Њукасл за крилниот напаѓач Ентони Еланга, тврди „Атлетик“.

Еланга може да игра на левото или десното крило. Тој е член на клубот од „Сити Граунд“ од летото 2023 година, кога „шумарите“ го купија по неуспешниот обид да се етаблира во Манчестер јунајтед.

23-годишникот ги одигра сите 38 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, со учинок од шест гола и 11 асистенции. Тимот на Нуна Еспирито Санто беше вистонско освежување во Премиер лигата, н а крајот заврши на седмото место и ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.

Њукасл се обиде да го доведе десното крило за време на летниот преоден рок. На „страчките“ им е потребен нов играч на таа позиција бидејќи го имаат само Џејкоб Марфи – експериментот на Мигел Алмирон беше неуспешен, додека асот на Брентфорд, Брајан Ембеумо, во овој момент не е реална опција.

Њукасл се обиде да го доведе Еланга и минатото лето. Тогаш понудија 30 милиони фунти однапред, Мигел Алмирон и уште две рати од по пет милиони, но трансферот не беше реализиран.

Share
Scroll to Top