Вулверхемптон потврдија дека нивниот португалски тренер Нуно Еспирито Санто ќе замине од клубот по крајот на сезоната, односно дека мечот со Манчестер јунајтед во недела ќе му биде последниот на „Молињу“ по четири сезони кај „волците“.
Есприто Санто успеа да ги внесе Вулфс во Премиер лигата, и редовно да им обезбеди опстанок, а си заминува со целосна поддршка од бордот на клубот.
„Од првиот ден кога пристигнав, целта беше да се направи позитивна промена и да се придвижи клубот напред и горд сум од оствареното. Го направивме тоа заедно и со страст. Сакам да се заблагодарам на навивачите, на луѓето во градот и на сите играч. Неделата ќе биде емотивна за мене, но барем тука ќе се дел од фановите“, изјави Португалецот.
47-годишниот поранешен голман не откри каде ќе биде неговата следна дестинација, но тоа не им пречеше на англиските обложувалници да го постават како фаворит за нов тренер во Тотенхем, кои бараат замена за Жозе Мурињо, кој доби отказ во април. Интересно, Нуно играше под Мурињо, додека овој беше тренер на Порто.
After four seasons at the club, this Sunday will be Nuno Espirito Santo’s final game in charge of Wolves.
Thank you, Nuno.
?
— Wolves (@Wolves) May 21, 2021