Нуно Тавареш ќе биде првото летно засилување за Арсенал

Нуно Тавареш ќе биде првото летно засилување за Арсенал

пред 3 години

Нуно Тавареш, 21-годишниот португалски У-21 репрезентативец, ќе биде првото засилување за Арсенал ова лето, откако наскоро ќе дојде на медицински тестови во Лондон пред трансферот вреден 6.8 милиони фунти од Бенфика.

Тавареш, кој ќе треба да биде замена за левиот бек Киеран Тирни, влезе во првиот тим на Бенфика во 2019 година, и минатата сезона импресионираше во своите 19 меча за „орлите“.

Покрај Тавареш, тимот на Микел Артета е блиску до договор и со фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Алберт Самби Локонга за 18 милиони фунти, а продолжуваат со преговорите со Брајтон, за 55 милиони фунти вредниот Бен Вајт. Покрај тоа, „топчиите“ го сакаат и голманот на Шефилд јунајтед, Арон Ремсдејл и уште еден фудбалер од средниот ред и еден напаѓач.

Share
Scroll to Top