Чави Пасквал и официјално потпиша за Динамо Букурешт

Чави Пасквал и официјално потпиша за Динамо Букурешт

пред 3 години

Довчерашниот тренер на ракометниот гигант, Барселона – Чави Пасквал официјално е нов кормилар на Динамо Букурешт.
Трофејниот тренер потпиша тригодишен договор со романскиот клуб и по цели 12 сезони ќе има нов предизвик во кариерата.

На клупата, пак, на тимот од Каталонија се очекува да го замени сонародникот Антонио Карлос Ортега.

Во кариерата на Пасквал како тренер на Барса освои единаесет титули во АСОБАЛ лигата, осумпати триумфираше во Купот на Кралот, а има и десет трофеи во АСОБАЛ Купот. Зад неговото име остануваат запишани и десет титули во Суперкупот на АСОБАЛ, но и високо вреднувани две титули во Лигата на шампионите, како и пет титули на ИХФ Суперглоуб.

Романскиот клуб со сигурност ќе има високи амбиции во иднина, а првично е познато дека на играчки план Динамо ќе се засили со „вардарецот“ Кристијан Дисингер и трофејниот ветеран меѓу пикерите, Французинот Седрик Сораиндо.

Share
Scroll to Top