Обамејанг и соиграчите заглавени седум часа на аеродром во Гамбија

Обамејанг и соиграчите заглавени седум часа на аеродром во Гамбија

пред 3 години

Седум и пол часа фудбалските репрезентативци на Габон биле „заглавени“ на аеродромот во Гамбија. Габон, во рамките на квалификациите за пласман на Африканскиот куп, гостува во Гамбија, во клучниот натпревар за освојување на првото место во групата.

Доцна синоќа, играчите од Габон, пристигнале на аердромот Бакау. Кога пристигнале службениците на аердромот им ги задржале пасошите, иако според епидемиолошките закони на Гамбија, сите имале негативн ПЦР-тестови.

Контролата траеле повеќе од седум часа, поради што Габонците спиеле на подот на аеродромот.

Фрустриран од таквата ситуација, од „психолошката војна“ која ја наметнале Гамбијците, првиот играч на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, објавил на Твитер како неговите соиграчи спијат на подот.

Обамејанг порачал дека посилни ќе излезат од наметната ситуација.

„Ви благодарам за дополнителната мотивација“, порачал Обамејанг.

„Би сакал да знам зошто Гамбија ги зеде нашите пасоши и со часови не држеше на аеродромот? Дали ние сега сме заложници? Дали ќе реагирате? Сакате чи да видите како продолжува овој филм?“, напишал Обамејанг, а потоа им се обратил на челниците на Африканската конфедерација.

„Ова нема да не обесхрабри, луѓето мора да го знаат ова, а од Конфедерацијата ќе мора да ја преземат одговорноста. Во 2020 година сакаме Африка да напредува, ова не е начинот на кој што ќе го постигнеме тоа“.

Инаку, овие две селекции никогаш не учествувале на завршниот турнир во Купот на Африка.

Share
Scroll to Top