Обамејанг пак ги предводеше Барса до нова победа

Обамејанг пак ги предводеше Барса до нова победа

пред 2 години

Пјер-Емерик Обамејанг повторно се покажа како вистинско засилување за Барселона, откако Габонецот постигна два гола за да ги предводи Каталонците до 3:1 победа над Селта Виго во 36. коло во шпанската Ла лига, за зацврстување на второто место.

Мемфис Депај го отвори резултатот во 30. минута од мечот, пред Обамејанг да зголеми на 2:0 во 41. минута. Само што почна второто полувреме, во 48. минута, Обамејанг го постигна својот 13. гол во дресот на Барса за убедлива 3:0 предност, пред  Јаго Аспас во 50. минута да ја врати надежта на гостите. Сепак, Селта остана со играч помалку кога Хеисон Мурилјо доби црвен картон само осум минути подоцна.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top