Обид за изнуда на пари од семејството Шумахер, организаторот соочен со 15-годишна затворска казна

Обид за изнуда на пари од семејството Шумахер, организаторот соочен со 15-годишна затворска казна

пред 2 месеци

Германското обвинителство поднесе обвинение против три лица уапсени во јуни и осомничени дека се обиделе да изнудат пари од семејството на Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, кој беше тешко повреден на скијање на француските Алпи во 2013 година, пишува „Лекип“.

Таткото Јилмаз Т.(53) и синот (30) од германскиот Вупертал се обвинети за изнуда од 15 милиони евра. Тие на семејството на Шумахер му се заканиле дека ќе објават информации на дарк веб, односно фотографии и видеа од легендарниот возач кои семејството не сака да бидат објавени во јавноста.

Таткото ги купил материјалите за петцифрена сума од Маркус Ф. (52), кој работел пет години, до март 2021 година, како обезбедување во семејната вила на Шумахер на езерото Констанца во Швајцарија.

Поранешниот припадник на обезбедувањето е обвинет дека оттаму украл два хард диска со доверливи информации за Шумахер.

Вториот маж, Јилмаз Т. (53), кој работел како обезбедување во ноќен клуб во близина на вилата, постојано му се јавувал на семејството Шумахер од приватен број и се заканил дека ќе ги објави документите на мрачната мрежа.

Во јуни, преку 30-годишниот син на Јилмаз, во преговори со возачот на сопругата Корина, уценувачите испратиле дел од досиејата од скриен мејл за да докажат дека ја поседуваат документацијата и побарале 15 милиони евра. Сопругата на Шумахер веднаш пријавила се во полиција, која ги лоцирала и уапсила.

Организаторот на уцената се соочува со затворска казна од 15 години. Неговиот син е обвинет за соучесништво и е пуштен да се брани од слобода. Поранешниот обезбедувач е обвинет за две кривични дела: соучесништво во обид за уцена и повреда на приватноста, а се соочува со долгогодишна затворска казна.

Share
Scroll to Top