Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е прв фаворит за освојување на првиот годинешен грен слем тениски турнир – Австралија опен во Мелбурн, тврдат обложувалниците.
Квотата дека Ѓоковиќ ќе го подигне победничкиот пехар е 2.20.
Следен кој има најмал коефициент е Русинот Данил Медведев, 6.00.
Трет фаворит за титулата е Австриецот Доминик Тим со коефициент 6.10, додека четврти е Шпанецот Рафел Надал со квота 6.25. Федерер нема да настапи на турнирот.
Останува да се види како новите ковид-правила и карантинот пред почетокот на турнирот ќе влијаат на тенисерите.
Токму Ѓоковиќ ја брани титулата лани освоена во Мелбурн.