Обрадовиќ нема објаснување за „колапсот“ на Монако

Обрадовиќ нема објаснување за „колапсот“ на Монако

пред 10 месеци

Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ признаа дека нема објаснување за колапсот на неговиот тим во полуфиналето на Евролигата против Олимпијакос, во меч во кој поставија негативен рекорд од само 2 поени во третата четвртина.

Монако имаше одлично прво полувреме и предност од 12 поени, пред неверојатната трета четвртина, по што немаа шанси за враќање во игра и сега ќе играат за третото место со послабиот од мечот помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

„Нема објаснување за вакво нешто. Сакавме само да одиграме силно до крај, но бевме премногу меки. Можеби ни недостасуваше искуство на вакви важни натпревари. Не знаевме како да го одиграме мечот, а тие беа подготвени и само чекаа шанси. Разочаран сум бидејќи паднавме на тоа на што работевме многу во подготовките“, вели Обрадовиќ.

Сепак сезоната 2022/23 ќе остане историска за Монако, бидејќи во својата деби сезона во Евролигата, успеаја да влезат на Фајнал фор турнирот.

Share
Scroll to Top