Американските газди на Џенова и Севилја го купуваат и Евертон?

Американските газди на Џенова и Севилја го купуваат и Евертон?

пред 11 месеци

Американскиот инвестициски фонд „777 партнерс“ е прв фаворит да го купи премиерлигашот Евертон за 690 милиони евра од Фархад Мошири, тврди „Дејли мејл“. Ова би било проширување на фудбалската империја на американската компанија, која исто така е сопственик на Севилја, Џенова, Стандард Лиеж и бразилскиот Васко да Гама.

Тие ја купија Џенова од Енрико Прециози во септември 2021, и успеја со инвестиции веднаш да ја вратат во Серија А. Од друга страна, Евертон пред последните три кола во Премиерлигата се многу блиску до испаѓање.

Евертон се деветкратни шампони на Англија, но последната титула ја освоија во 1987 година.

Share
Scroll to Top