Вајналдум: Не успевавме да се носиме со нивниот притисок!

Вајналдум: Не успевавме да се носиме со нивниот притисок!

пред 3 години

Репрезентацијата на Холандија се прости од Европското првенство откако попладнево со 2-0 беше поразена од Чешка во осминафиналето во Будимпешта.

Со три победи во 3 меча во групната фаза, но со ниту еден директен удар во рамките на голот на Чешка „лалињата“ заслужено загубија, а помош на Чесите и даде дефанзивецот Де Лихт со неговиот непромислен потег и црвениот картон во 55 минута.

Свој коментар по мечот имаше капитенот Жоржињо Вајналдум, кој со 3 погодоци беше прв стрелец кај Холандија.

„Погодоците кои ги примивме, приликите кои не ги искористивме. Тоа сега ми поминува низ глава. По црвениот картон не можевме да ја притиснеме Чешка. Работите стануваа се потешки за нас. Целиот меч беше тежок. Некако не успевавме да се носиме со нивниот притисок. Не можевме да го затвориме просторот“ вели Вајналдум.

Share
Scroll to Top