Новак Ѓоковиќ, со вчерашниот триумф, постави нови стандарди во тенисот и ги натера аналитичарите да се запрашаат дали тој е најдобриот играч во историјата, многу подобар од останатите двајца, од „големата тројка“, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ е единствениот играч во Опен ерата, кој секој гренд слем го освоил најмалку по два пати. Вкупно има 19 гренд слем трофеи во кариерата, еден помалку од Федерер и Надал.
Она што пажа во очи е статистиката која Ѓоковиќ ја има во последните десет години, во однос на Федерер и Надал.
Од 2011 година до вчера, Ѓокоивќ освоил 18 од своите 19 гренд слем трофеи, победил на 31 турнир од Мастерс серијата и четири пати победил на завршниот АТП мастерс. Вкупно во последните десет години прв на АТП листата е 324 недели.
Федерер и Надал заедно, во последната деценија, имаа 15 гренд слем титули, победи на 28 Мастерси, еден трофеј на АТП мастерсот. Заедно на првото место на АТП листата минале 132 недели.