Новата „десетка“ на Сити – Џек Грилиш стана најскапиот британски фудбалер!

Новата „десетка“ на Сити – Џек Грилиш стана најскапиот британски фудбалер!

пред 3 години

Џек Грилиш стана најскапиот британски фудбалер во историјата, комплетирајќи го историскиот трансфер од Астон вила во Манчестер сити за 100 милиони фунти.

По комплетирањето на медицинскиот тест во Манчестер, Грилиш потпиша шестгодишен договор со Сити, со кој ќе заработува повеќе од 200.000 фунти неделно.

„Пресреќен сум. Да се дојде во клуб како Манчестер сити за мене е огромно лично остварување. Ова беа тешки неколку месеци, бидејќи сум навивач на Астон вила цел мој живот, но кога зборував со Пеп Гвардиола и кога видов какви фудбалери имаат тука, не можев да речам не. Пресреќен сум што сум тука. Трофеите се главната причина зошто дојдов. Тука е и менаџерот, најдобриот на светот и фудбалери од висока класа, сите знаете колку го ценам Кевин де Брујне и сега ќе се оствари сонот да играм покрај него“, изјави Грилиш.

Share
Scroll to Top