Овен со луда теорија: Мане не сакаше пенал за Салах да не постигне гол

Овен со луда теорија: Мане не сакаше пенал за Салах да не постигне гол

пред 4 години

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Манчестер јунајтед, Мајкл Овен, тврди дека сенегалскиот напаѓач Садио Мане намерно не оди во ситуации во кои ќе добие пенал само за да не му дозволи на египетскиот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах да го зголеми бројот на постигнати голови.

Лутиот Салах необјасниво беше повлечен од Јирген Клоп во второто полувреме при 0:1 поразот од Челси во ситуацијата кога „црвените“ бркаа гол. Претходно пак, Мане имаше шанса да падне во шестнаесетникот кога Андреас Кристенсен опасно одеше со својата нога, но наместо тоа, тој продолжи да оди напред.

Овен вели дека ова е јасен знач што се случува.

„Имаше ситуација во првото полувреме кога секој навивач на Ливерпул на светот си помисли: ‘Пенал!’. Не ми се веруваше дека Мане не падна. Не велам дека треба да го прави тоа, но напаѓачите во такви ситуации обично паѓаат. Си помислив дека си мисли дека треба да оди на гол, бидејќи ако не остане на нозе, тогаш Мо Салах ќе добие нов пенал. Сите знаеме дека напаѓачите се на некој начин себични играчи. Можеби теоријата е луда, но веќе видовме како не си подаваат еден на друг кога се во подобра ситуација“, вели Овен.

Салах е најдобар стрелец на Ливерпул оваа сезона со 17 гола во 26 меча, додека Мане има 7 гола во 24 настапи.

Толку од љубовта помеѓу Салах и Ливерпул

Share
Scroll to Top