Овечкин незаприлив и кога игра фудбал

Овечкин незаприлив и кога игра фудбал

пред 2 години

Еден од најпопуларните руски спортисти, НХЛ суперѕвездата Александер Овечкин, покажа дека знае добро да се снаоѓа и без лизгалки на фудбалскиот терен, откако му беа потребни само 11 минути да постигне гол на егзибициски меч за Динамо Москва.

36-годишниот хокеар на Вашингтон капиталс, го носеше дресот со бројот 3, во чест на неговиот татко Михаил, кој беше фудбалер на Динамо, и каде што самиот Овечкин ја пона својата хокеарска кариера. По една убава асистенција на Фјодор Смолов, тој успеа да го отвори резултатот на мечот против Амкал, во кој играа блогери и инфлуенсери. Динамо на крајот стигна до убедлива 5:0 победа.

„Чудно е бидејќи пишувам со десна рака, фрлам со лева рака, ја шутирам фудбалската топка со левата нога, а играм хокеј со десната рака. Тоа е тоа. Овој меч беше повеќе од обичен фудбалски меч поради мојот татко“, вели Овечкин, кој го напушти мечот кратко по постигнатиот гол за да му ја предаде капитенската лента на Данил Фомин.

Share
Scroll to Top