Рајола бара повеќе пари од Милан за Донарума

Рајола бара повеќе пари од Милан за Донарума

пред 3 години

Иднината на голманот Џиџио Донарума во Милан станува покомпликувана откако „росонерите“ не се подготвени да одговорат на барањето на неговиот агент Мино Рајола за повисока годишна плата.

Милан подолго време преговараат со Рајола за продолжувањето на договорот кој завршува ова лето, а за Италијанецот се заинтересирани повеќе англиски клубови, вклучувајќи ги Челси и Манчестер јунајтед.

Според „Ла газета дело спорт“, Милан му нудат на голманот 8 милиони евра по сезона, огромна сума во ситуација кога фудбалот е под финансиски удар поради пандемијата на КОВИД-19, но неговиот агент стои цврсто на барањето на 10 милиони евра по сезона, плус клаузула за превремено прекинување на договорот, но и голем процент за него. Се верува дека Милан не се подготвени да ги исполнат овие барања.

Share
Scroll to Top