Од „смртни непријатели“ до соиграчи – Рамос и Меси почнаа пријателски

Од „смртни непријатели“ до соиграчи – Рамос и Меси почнаа пријателски

пред 3 години

Серхио Рамос и Лео Меси, поранешни капитени на двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона, луѓе кои одиграле неверојатни 45 „Ел класико“ мечеви меѓу себе и честопати биле во директни дуели и конфликти… Сега, соиграчи во ПСЖ, и како што се надева Рамос, добри пријатели.

Интересниот телефонски повик на Рамос до Меси, покажува дека засега работите се движат на пријателска основа.

Уште минатиот месец, Рамос изјави дека би било фантастично да може да игра со Меси.

„Секогаш сум сакал да играм со најдобрите на светот, а Меси е еден од најдобрите во историјата. Секогаш сум велел дека Меси би имал одлична улога во мојот тим“, изјави Рамос.

Инаку двајцата пристигнуваат на „Паркот на принцовите“ како слободни играчи.

Share
Scroll to Top