Барса им го понудиле Кутињо на Ливерпул

Барса им го понудиле Кутињо на Ливерпул

пред 3 години

Барселона по секоја цена ќе се обиде да се ослободи од услугите на Фелипе Кутињо. Бразилецот, во јануари 2018 година, пристигна на „Ноу Камп“ од Ливерпул. Со бонусите, неговиот трансфер изнесуваше 160 милиони евра.

Кутињо, за Барселона, одигра 90 натпревари, на кои постигна 24 гола. Една сезона, одигра во Баерн како позајмен играч и со Баварците успеа да ја освои Лигата на шампиони.

Џоан Лапорта има интересен план, да го врати во Ливерпул. За да го добие Бразиелцот Ливерпул ќе треба да се откаже од 50 милиони евра. Оваа сума Барселона се уште им ја должи на „црвените“ за трансферот на Кутињо.

Медиумите во Шпанија ова го толкуваат како очајнички потег на Барселона, бидејќи во Ливерпул не се заинтересирани да го вратат својот поранешен фудбалер.

Share
Scroll to Top