НБА повторно го смени системот на Ол-стар натпреварот, за да го врати интересот на навивачите за овој некогаш многу популарната егзибициски натпревар.
Овој пат лигата прави револуционерна промена, заменувајќи еден Ол-стар натпревар со мини турнир.
Тој ќе игра на претстојниот Ол-стар натпревар на 16 февруари во Сан Франциско, во арената Голден стејт Вориорс.
За прв пат на Ол-стар натпреварот ќе учествуваат четири екипи кои ќе одиграат три натпревари.
Логично прво ќе се игра полуфинале, а во финалето ќе се сретнат победниците.
Тимот кој прв ќе постигне најмалку 40 поени ќе победи на натпреварот.
На Ол-стар натпреварот, како и досега ќе учествуваат 24 кошаркари, кои ќе бидат поделени во три тима кои ќе ги „драфтуваат“ аналитичарите на НБА ТНТ, по кои тимовите ќе ги носат имињата: Кени Смит, Чарлс Баркли и Шекил О’Нил.
Четвртиот тим ќе биде тимот што ќе победи на традиционалниот натпревар „Ѕвезди во подем“, односно натпреварот помеѓу дебитанти и играчите кои ја играат втората сезона во НБА .
Овој тим ќе го носи името на легендата на ВНБА, Кендис Паркер.
Изборот на учесници на Ол-стар останува непроменет. Петте стартери од секоја конференција ќе бидат играчите кои ќе добијат најмногу гласови од навивачите (50%), НБА играчите (25%) и медиумите (25%).
Седум резервни играчи во секоја конференција ќе бидат избрани од страна на главните тренери на НБА.
Наградниот фонд за Ол-стар натпреварот е 1,8 милиони долари, секој играч од победничкиот тим ќе добие 125.000 долари, играчите од поразениот финалист ќе заработат по 50.000 долари, додека играчите од поразените полуфиналисти ќе добијат по 25.000 долари.
Гласањето за Ол-стар ќе започне во четврток на 19 декември, а ќе заврши во понеделник на 20 јануари.