Осака ќе ги донира парите од Синсинати за Хаити

Осака ќе ги донира парите од Синсинати за Хаити

пред 3 години

Четирикратната гренд слем шампионка, Наоми Осака вети дека парите што ќе ги добие за настапот на Мастерсот во Синсинати следната недела ќе ги донира за Хаити, откако карипската земја беше погодена од страшен земјотрес од 7.2 степени во саботата, во кој загинаа најмалку 300 луѓе.

Јапонската тенисерка, која е втора на ВТА листата, има лична поврзаност со Хаити, бидејќи нејзиниот татко Леонар Франсоа е по потекло од островот, додека нејзината мајка е Јапонка. Таа ќе се врати на тениските терени во Синсинати првпат по Олимпијадата во Токио.

„Навистина боли да се види уништувањето во Хаити и се чувствувам како да не можат да здивнат на островот. Ќе играм на турнир оваа недела и целиот награден фонд ќе оди за Хаити. Знам дека крвта на нашите предци е силна и дека пак ќе се кренеме“, напиша Осака на Твитер.

Share
Scroll to Top