Осасуна со предност во баскиското полуфинале на Кралскиот куп

Осасуна со предност во баскиското полуфинале на Кралскиот куп

пред 2 години

Осасуна успеа да стигне до 1:0 предност против Атлетик Билбао во првиот меч од полуфиналето на Копа дел реј, за следниот месец да патува на „Сан Мамес“ со надеж за големо финале. Утре на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид и Барселона се среќаваат во „Ел класико“ меч во второто полуфинале.

Клубот од Памплона, кој е на фантастичното осмо место на табелата во Ла лига, повторно се потпре на 21-годишниот Мароканец Ез Абде (играч на Барселона кој е позајмен во Осасуна), кој во 47. минута по една одлична акција на домаќините стрелаше за победа. Абде исто така беше херој на Осасуна и во неделата, кога го постигна победничкиот гол за 3:2 победа на гости кај Севилја.

Share
Scroll to Top