Освен има невозможни барања, Челзи и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата

Освен има невозможни барања, Челзи и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата

пред 6 месеци

Италијанскиот новинар Даниеле Лонго тврди дека челниците на Челзи и Ливерпул се заинтересирани за развојот на настаните во Неапол, каде што се водат преговори околу новиот договор на Виктор Осимен.

Според овој извор, преговорите нема да може да се реализираат.

Проблемот, пишува Лонго, е што Нигериецот сака платата да му биде зголемена за 100 отсто, односно бара плата од девет милиони евра нето, што би го чинело претседателот Аурелио Де Лаурентис дополнителни шест милиони „за даноци и придонеси“.

Таа плата би го направила стрелецот со 65 гола на 111 натпревари за Наполи најплатен фудбалер во Серија А. До минатото лето, само Ромелу Лукаку во Интер (8,5) и Пол Погба во Јувентус (8) заработија повеќе од седум милиони евра во Италија. Во меѓувреме Белгиецот се згласи платата значително да му биде намалена за да се пресели во Рома, а договорот на Погба во меѓувреме беше суспендиран откако падна на допинг тестот.

Во својата историја, Наполи никогаш не платил на фудбалер повеќе од пет милиони евра по сезона, а Осимен е играчот со најголема плата во клубот, дури и со моментална нето плата од 4,5 милиони евра.

„Може ли некој да замисли Де Лаурентис да ја удвои неговата плата? Секако дека не, тоа е веројатно „алатката“ која Нигериецот ја користи за да си замине од Неапол“, пишува новинарот.

Со оглед на тоа дека во меѓувреме се повреди, а во јануари го чека Купот на Африканските нации, прашање е дали Наполи ќе биде премногу против неговото заминување од клубот на крајот од сезоната.

И покрај ова Де Лаурентис има еден адут во своите раце, а тоа е оштетата што ќе ја бара за Осимен. Првиот човек на Наполи е познат како „тежок човек“ кога треба да се преговара за негов фудбалер.

Агентот на Осимен, Роберто Календа им откри на медиумите дека Де Лаурентис еднаш му рекол дека очекува исплата од 200 милиони евра за 24. годишниот Нигериец. Со оглед на тоа дека договорот му истекува во 2025 година, се очекува таа сума да биде нешто помала, меѓу 120 и 150 милиони евра.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top