Осман го напушти Панатинаикос, се сели во ПАОК

Осман го напушти Панатинаикос, се сели во ПАОК

пред 2 часа

Турскиот репрезентативец Џеди Осман го напушта Панатинаикос, но не и грчката кошарка.

Претседателот на атинскиот клуб, Димитрис Јанакопулос, се огласи на Инстаграм и со емотивна порака практично наговести разделба со кошаркарот роден во Охрид.

Речиси во исто време, во грчките медиуми се појави информација дека Осман ќе потпише тригодишен договор со ПАОК од Солун вреден девет милиони евра. Црно-белите ќе му платат на Панатинаикос и два милиони за обештетување.

„Твојата одлука ме растажи, но целосно ја почитувам и ја разбирам. Ти посакувам се најдобро. Џедај, Џедај, Џедај.“

Претходните денови, во турските медиуми се појави информација дека Анадолу Ефес постигнал договор со Осман, иако Панатинаикос тогаш ги негираше наводите дека турскиот репрезентативец ќе го напушти клубот.

Осман беше еден од најважните играчи на атинскиот тим минатата сезона. Во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени, 3,5 скока и 1,2 асистенции по натпревар, а неговиот договор со Панатинаикос истекуваше во летото 2027 година.

ПАОК ќе учествува во Еврокупот следната сезона, а Андреа Тринкиери ќе ги предводи од клупата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top