Основачот на „Спотифај“ ќе се обиде да го купи Арсенал со помош на легендите

Основачот на „Спотифај“ ќе се обиде да го купи Арсенал со помош на легендите

пред 3 години

Газдата на „Спотифај“, Швеѓанецот Даниел Ек се подготвува за понуда да го купи Арсенал со помош на легендите на клубот Тјери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виера, тврдат англиските медиуми.

Според „Гардијан“, Ек, кој има богатство од над 4 милијарди евра преку платформата за аудио и видео, почнал сериозно да се ангажира околу купувањето на клубот за кој навивал како дете и побарал од Анри, Бергкамп и Виера да му помогнат да направи понуда која може да го убеди семејството Кренке да го продаде клубот по фијаското со Суперлигата.

Ек уште во петокот на Твитер напиша: „Како дете, навивав за Арсенал. Ако КСЕ се подготвени да го продадат Арсенал, би бил подготвен за такво нешто“.

Се верува дека Стен Кренке, газдата на „Кренке спортс енд ентертејнмент“ бара најмалку 2 милијарди фунти за продавање на клубот кој го поседува од април 2011 година, а некои извори велат дека сумата е многу поголема. Токму затоа дури и богатството на Ек тешко дека би било доволно за ваков проект.

Околу 3.000 навивачи на Арсенал протестираа против Кренке пред „Емирати“ пред петочниот меч со Евертон.

Share
Scroll to Top