Ојлески и Маркоски ги продолжија договорите со Еурофарм Пелистер

Ојлески и Маркоски ги продолжија договорите со Еурофарм Пелистер

пред 3 години

РК Еурофарм Пелистер, објави дека Гоце Ојлески и Никола Маркоски ги продолжиле договорите со клубот. Двајцата се обврзаа на верност на уште една сезона и според новиот договор ќе останат во Битола најмалку до јуни 2022 година.

Ојлески во клубот дојде во Одорхеи во 2017 година, а Маркоски од Орошази во 2018 година.

„Нашиот клуб од година во година расте и амбициите се поголеми. Пред неколку години игравме во пониската лига, сега настапувавме во Лига Европа и мислам дека успешно се претставивме. Нема тука да застанеме, амбициите за следната сезона се поголеми и се надевам дека ќе оствариме поголеми успеси. Не ја криеме амбицијата да ја донесеме титулата во Битола. Годинава не успеавме, но се надевам дека следната сезона со уште подобар тим, ќе го оствариме тој чекор“, изјавил поранешниот репрезентативец Ојлески.

Фото/facebook.com/hceurofarmpelister

Share
Scroll to Top