Падна, стана, па победи! Тајната на Хасан е кафето

Падна, стана, па победи! Тајната на Хасан е кафето

пред 3 години

Сифан Хасан вели дека кофеинот е најзаслужен за нејзиното прво олимписко злато на 5.000 метри во Токио, и дека ќе и помогне во неверојатниот обид да стигне до историска тројна победа на 1.500, 5.000 и 10.000 метри.

28-годишната Холанѓанка, која е родена во Етиопија, имаше фантастичен последен круг за да победи на 5.000 метри со 14:36.79. Во првата трка на 1.500 метри, таа пак, имаше незгоден пад по првиот круг, но се врати на нозе и се квалификуваше како прва.

„Не ми се веруваше дека се сопнав. Како да потрошив многу енергија. Бев многу уморна. Без кафе не би била олимписка шампионка. Потребен ми е целиот кофеин кој можам да го добијам“, вели Хасан.

Share
Scroll to Top