Пандев: Горд сум што повторно ќе го носам овој дрес

Пандев: Горд сум што повторно ќе го носам овој дрес

пред 3 години

Горан Пандев, откако одлучи да игра уште една сезона во италијанската елита со тимот на Џенова, преку социјалните мрежи им се обрати на фановите на најстариот италијански клуб, ветувајќи дека ќе го даде својот максимум.

„Во сабота почнуваме со нова сезона во Серија А и горд сум што можам да го носам овој дрес повторно. Сакам да се заблагодарам на претседателот, целиот клуб, тренерот, моите соиграчи и на сите вас фанови. Ви благодарам за сите пораки кои ме убедија да останам. Едвај чекам да ве поздравама на ‘Луиџи Ферарис’. Forza Grifone“, напиша Пандев на Инстаграм.

Иако нема официјални најави, одлуката на Пандев да продолжи со клупската кариера дава надеж дека повторно ќе го видиме во македонскиот дрес во борбата за пласман на Светското првенство следното лето.

Share
Scroll to Top