Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, реши да одигра уште една сезона.
„Горан Пандев реши да ја продолжи кариерата. Нема да се пензионира. Во наредните денови ќе се состане со луѓето од Џенова за да се договорат околу новиот, едногодишен договор“, напишал, експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо и дополнил.
„Пандев сака да ја заврши кариерата откако ќе одигра уште една сезона со навивачи на трибините.“
За потсетување, минатата сезона во Серија А, како и во целиот свет, се играше пред празни трибини.
Пандев изминатите шест сезони е во Џенова, претходно во Серија А играл за Лацио, Интер и Наполи, а едн година беше и во Галатасарај.
Goran Pandev has decided to continue playing football. He’s NOT retiring and he’s gonna meet with Genoa board in the next days to sign his new contract until June 2022. ?? #Pandev
Pandev wants to leave football enjoying one more season with fans in the stadium. @SkySport
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 23, 2021