Панков и Жозуе ослободени од притвор во Холандија

Панков и Жозуе ослободени од притвор во Холандија

пред 7 месеци

Фудбалерите на Легија од Варшава Радован Панков и Жосуа се ослободени од притвор во Холандија и наскоро ќе пристигнат во Полска, објави клубот на своите официјални профили на социјалните мрежи.

„Жозе и Радован се враќаат во Полска“, беше објавено на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер).

Не се соопштуваат детали, а наскоро се очекува клубот да излезе со официјално соопштение. Панков и Жосуе беа уапсени во четвртокот вечерта за инцидентите што се случија по натпреварот меѓу Легија и АЗ Алкмар.

„Не ни дадоа шанса да се грижиме за нашите двајца играчи, не ни дадоа да си одиме со нив. Само холандските адвокати што ги ангажиравме беа во контакт со нив двајца. Мислам дека целата оваа ситуација уште повеќе ќе не зближи“, изјави претседателот на Легијата на вонредната прес-конференција во Варшава.

Share
Scroll to Top