Парехо: Судијата престрого го исклучи Веига

Парехо: Судијата престрого го исклучи Веига

пред 3 часа

Барселона го победи Виљареал со 2:0 на гостински терен вчера во натпреварот од 17-то коло на шпанската Ла Лига. По триумфот повторно под лупа се најдоа судиите. Капитенот на домашниот тим, Дани Парехо, застана пред камерата и не беше многу импресиониран од победата на Барселона.

Блауграната добро го отвори натпреварот и поведе со 1:0 веќе во 12-та минута кога од пенал, гол постигна Рафиња.

Иако Виљареал пропушти неколку одлични можности во првото полувреме, на крајот, еден детаљ од 39-та минута го реши натпреварот.

Дефазивецт на домашниот тим, Ренато Веига, доби директен црвен картон за опасен старт врз Ламин Јамал. Црвениот картон предизвика огромно незадоволство кај домашните, кои беа сигурни дека стартот не е за исклучување.

Барселона предноста од играч повеќе ја искористи во вториот дел кога постигна уште еден гол, Јамал ги постави конечните 0:2 во 63-та минута.

„Освен голот од пенал и пречката, Барселона не направи апсолутно ништо во првото полувреме, ние бевме многу подобри од нив. Да не добиевме црвен картон, којзнае што ќе се случеше“, вели Парехо и продолжи.

„Од моја гледна точка, судијата лесно го покажа црвениот картон. Стартот беше во дел од секундата, практично рефлексна реакција, па не сум баш сигурен дека бара автоматско исклучување. Жолт картон ќе беше доволна санкција, црвениот е премногу. Судиите се луѓе, прават грешки како сите ние. Да немаше судии, натпреварите немаше ни да се играат.“

Барселона ќе ја заврши 2025 година како првопласирана на табелата со четири бода пред Реал Мадрид.

Foto/ freerangestock

Share
Scroll to Top