Парма пропушти 2:0 водство, само реми со Удинезе

Парма пропушти 2:0 водство, само реми со Удинезе

пред 4 години

Парма имаше 2:0 водство по половина час игра против Удинезе, но не успеа да стигне до само третата победа оваа сезона во Серија А, откако гостите се вратија за 2:2 реми.

Шансите на Парма за опстанок со секое наредно коло стануваат се помали, откако не помогна ниту враќањето на тренерот Рикардо Д’Аверса, кој сега има освоено само два поени во последните шест меча.

Андреас Корнелиус по само три минути игра ги донесе „Дукали“ во водство, а Јурај Куцка од пенал во 32. минута зголеми на 2:0. Меѓутоа, Стефано Окака, само четири минути откако влезе во игра во 60. минута намали на 2:1, пред Холанѓанецот Брам Најтинк да израмни во 80. минута. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса во второто полувреме, но не се запиша во листата на стрелците.

Удинезе сега е на 13. место на табелата со 25 поени, додека Парма останува претпоследна со 14 поени, дури шест од безбедната зона.

Share
Scroll to Top