Партизан го раскина договорот со Сума

Партизан го раскина договорот со Сума

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Партизан, објави дека го раскинал договорот со Сејдуба Сума. Репрезентативецот на Гвинеја е најскапото засилување во историјата на Партизан, во 2017 година клубот на Слован од Братислава му плати 1.650.000 евра за неговите услуги.

„ФК Партизан ја известува јавноста дека го раскина договорот со Сума. Константното кршење на клупската дисциплина, кулминираше со неовластеното обраќање во јавноста. Клубот поради тоа донесе одлука да го раскине договорот“, соопшти клубот.

Сума, не играше минатиот викенд против Црвена звезда. Тренерот го отстрани од тимот, по што фудбалерот на социјалните мрежи реши да ја раскаже својата верзија на приказната.

Сума, сезонава настапил на пет натпревари за Партизан, вкупно во кариерата во српското првенство, одиграл 78 натпревари, постигнал 17 голови и забележал 19 асистенции.

Share
Scroll to Top