Партизан вечерва го загуби и вториот трофеј во битката со Црвена Звезда откако е поразен со 2:1 во финалето на Купот на Србија. По ова, тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка.
„Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан“, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Партизан има многу поплаки за загубениот шампионски пехар, смета дека Црвена Звезда била фаворизирана во првенството на Србија.