Педри го казни киксот на Газанига – Барселона победи во Џирона

Педри го казни киксот на Газанига – Барселона победи во Џирона

пред 1 година

Барселона со тешка мака успеа да ја победи Џирона во Ла Лига. На „Монтоливи“ стадионот Барса славеше со голот на Педри. Дуелот против Џирона беше јубилејниот 100. за Педри во Ла Лига.

Барселона, како и на претходните натпревари, не блескаше, но сепак успеа да победи. Тимот на Чави се наоѓа во серија од осум победи во сите натпреварувања.

Натпреварот го реши Педри во 61.минута, која ја искористи катастрофалната реакција на голманот Газанига и од еден метар само ја проследи топката во мрежата.

До крајот Барселона не направи ништо, додека Џирона пропушти две одлични шанси, преку Иван Мартин во 86. и Рока во 89.минута.

Share
Scroll to Top