Пеко ја доби битката со Маркез, Мартин не ја заврши трката

Пеко ја доби битката со Маркез, Мартин не ја заврши трката

пред 8 месеци

Актуелниот светски првак, Франческо Бањаја, победи на трката за Големата награда на Шпанија. На патеката во Херез доминираа возачите на Дукати, Бањаја од фрабричкиот тим победи пред домшниот миленик Марк Маркез (Гресини Дукати) и Марко Бецеки (ВР46 Дукати).

Пеко трката ја заврши за 40:58:053 минути. Второто место го зазеде возачот на Гресини, Марк Маркез, кој водеше антологиска битка со актуелниот шампион и ја мина целта со 0,372 секунди зад победникот. Марко Бецеки задоцни речиси речиси четири секунди зад победникот.

Алекс Маркез во вториот Гресини ја заврши трката на четвртото место, веднаш пред Енеа Бастианини (Дукати) и Бред Биндер од КТМ. Топ 10 го комплетираа Фабио Ди Џанантонио (ВР46), Мигел Оливеира (ГасГас), Маверик Вињалес (Априлија) и Педро Акоста (Гас Гас).

Маркез и Бецеки тргнаа одлично од првите две позиции, но апсолутен херој на првиот свиок беше Хорхе Мартин. Асот на Прамак Дукати при сопирање влезе малку подлабоко во свиокот, одлично го позиционираше мотоциклот и стигна до втората позиција. ајголеми губитници на стартот беа Биндер и Акоста.

Мартин изгледа го инспирираше актуелниот шампион Франческо Бања, кој направи спектакуларно претекнување, со еден маневар ги престигна Мартин и Бецеки.

Сепак Мартин не попушти, ја прзеде водечката позиција, а зад неговиот грб беше Бањаја.

Шпанецот не го издржа притисокот, направи грешка во осмиот круг, падна од мотоциклот и ја заврши трката.

Водечката позиција ја презеде Бањаја, а зад него за второто место се бореа Бецеки и Маркес. Младиот Италијанец ја загуби позицијата од Маркез, кој тргна да го „лови“ Бањаја.

На пет круга пред крајот имаше контакт и кратка промена на водството, но Бањаја брзо успеа да се врати на првото место и на крајот да победи.

Италијанецот со втората победа сезоната, ја намели предноста на лидерот Мартин на само 17 поени. Од друга страна Марк Маркез по пауза од 558 денови се искачи на победничкиот пиедестал.

Share
Scroll to Top