Ливерпул со сомнителен пенал спасуваа реми на „Крејвен котиџ“

Ливерпул со сомнителен пенал спасуваа реми на „Крејвен котиџ“

пред 3 години

Фулам добро ги испоти Ливерпул и извлече 1:1 реми на „Крејвен котиџ“ за да не дозволи „црвените“ да им избегаат на Тотенхем пред дербито во среда на „Енфилд“. Откако Кристал палас ги изненади Тотенхем со 1:1, пред дербито, двата тима имаат по 25 поени на табелата.

Боби Рејд донесе водство за Фулам во 25. минута во првото полувреме, во кое Фулам може да жали што не постигна уште некој гол во бледата игра на тимот на Јирген Клоп. Во второто полувреме, Ливерпул го крена темпото во потрага по гол, но за тоа чекаа до 79. минута, кога беше досуден пенал по игра со рака по еден слободен удар, а Мохамед Салах го реализираше пеналот за 1:1.

Со поенот, Фулам останаа на 17. место, веднаш над зоната за испаѓање со 8 поени, пред Барнли со 6. Тотенхем и Ливерпул имаат два поени пред Саутемптон и три пред Челси.

Пред гостувањето на „Енфилд“, само реми за Тотенхем кај Палас

Share
Scroll to Top