Пеле во добро здравје го прослави 82. роденден

Пеле во добро здравје го прослави 82. роденден

пред 2 години

Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле, изјави дека е среќен што во неделата наполни 82 години со добро здравје и покрај неодамнешните проблеми.

„Мои пријатели од Бразил и од целиот свет, среќен сум, многу среќен што сум овде со вас и што Бог ми даде здравје за да можам да им се заблагодарам на сите за се што ми е дадено“, рече Пеле во видео пораката преку Инстаграм.

Познатиот фудбалер изјави дека 82 години се „дар од Бога“ и на шега додаде дека се надева дека ќе живее уште толку долго.

Пеле, кој според многумина е најдобриот играч на сите времиња, во последните години имаше здравствени проблеми. Минатата година тој беше во болница каде лекарите му отстранија тумор на дебелото црево.

Неговото семејство и лекарите кои оттогаш се грижат за него рекоа дека неговото здравје е стабилно и дека мора редовно да оди во болница на хемотерапија како дел од протоколот за лекување.

Пеле имал проблеми и со бубрезите и колковите, кои му ја намалиле подвижноста, па користи шетач или инвалидска количка. Тој драстично ги намали јавните настапи, иако се уште е активен на социјалните мрежи.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, кој на 17-годишна возраст играше за бразилската репрезентација на Светското првенство во 1958 година, освои три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и 1970 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Share
Scroll to Top