„Петарда“ за Сасуоло во Бергамо, Наполи доминантен во Сардинија

„Петарда“ за Сасуоло во Бергамо, Наполи доминантен во Сардинија

пред 3 години

Аталанта во Бергамо со 5-1 го совлада тимот на Сасуоло во рамки на 15-тото коло во Серија А, прво коло во новата 2021 година.

Пулените на Гасперини не му оставија ниту минимална шанса на гостинскиот тим да се надева на изненадување.

Стрелци на головите за Аталанта беа Запата во 11 и 49, Песина во 45, Госенс во 57 и Муриел во 68 минута. Единствениот погодок за Сасуоло беше дело на Чиричес во 75 минута.

Во Сардинија, Калјари доживеа тежок домашен пораз од Наполи во чиј состав во 77 минута во игра влезе македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Зиелински донесе водство за клубот од Неапол во 25 минута, но Калјари израмни преку Жоао Педро во 60 минута.

Зиелински во 62 минута погоди по вторпат за 1-2, а предноста на Наполи ја зголеми Лозано во 74 минута. Конечните 1-4 за Наполи беа дело на Инсиње од пенал, во 86 минута.

На останатите мечеви во Серија во терминот од 15 часот постигнати се овие резултати:

Рома – Сампдорија 1-0
Фиорентина – Болоња 0-0
Џенова – Лацио 1-1
Парма – Торино 0-3
Специја – Верона 0-1

Share
Scroll to Top