Пиазон си замина од Челси по девет години и само три натпревари

Пиазон си замина од Челси по девет години и само три натпревари

пред 3 години

Челси го ослободија од договорот Лукас Пиазон по девет години во клубот и напаѓачот потпиша договор на четири и пол години со португалскиот клуб Брага, кој нема да плати ништо за трансферот на Бразилецот.

26-годишниот Пиазон одигра само три меча за Челси откако пристигна на „Стемфорд бриџ“ за 5 милиони фунти од Сао Пауло во 2012 година, со што беше втор најдолговечен фудбалер на Челси во тимот покрај Цезар Азпиликуета, но поголемиот дел од кариерата играше како позајмен во други клубови.

Челси подолго време се обидуваат ја намалат својата група на позајмени фудбалери, бидејќи ова лето на сила стапува новото правило на ФИФА со кое сака да се ограничи бројот на сениорски фудбалери кои може да ги поседува еден клуб.

Share
Scroll to Top