Пиоли не се согласува дека Милан биле инфериорни: Тие дадоа голови, ние не, тоа е разликата

Пиоли не се согласува дека Милан биле инфериорни: Тие дадоа голови, ние не, тоа е разликата

пред 1 година

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не се согласуваше со оценката дека неговиот тим бил „непрепознатлив“ во 0:2 поразот од Интер во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите и верува дека е можно да направат пресврт во вториот меч, посебно бидејќи во составот ќе се врати првата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао.

„Премногу строга оценка. Фактот е дека Интер играа подобро во првото полувреме и дадоа два гола, а ние бевме подобри во второто и не да дадовме гол. Тоа е фудбалот на ова ниво. Ние направивме премногу грешки, им дадовме гол при првото влегување во шестнаесетникот. Мораме да веруваме, бидејќи секој детаљ ќе одлучува во вториот меч. Сакавме да бидеме компактни и агресивни, но тие беа подобри во 50-50 ситуациите во првото полувреме“, објаснува Пиоли.

Share
Scroll to Top