Пиоли: Јуве и Интер се фаворити за титулата

Пиоли: Јуве и Интер се фаворити за титулата

пред 3 години

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, верува дека неговиот тим е подготвен да се бори за титулата со најголемите фаворити, Јувентус и Интер.

Милан, сезонава нема пораз во Серија А. Со осум победи и четири нерешени натпревари, тимот на Пиоли ја предводи табелата во Серија А. Милан има бод повеќе од Интер и четри од бранителот на трофејот Јувентус.

„Имаме право да бидеме амбициозни. Досегашните резултати покажуваат дека можеме да се бориме со најсилните екипи во лигата. Но, дали е можно Јувентус да не бидат фаворити за титулата, или еден силен тим каков што е Интер. Знаеме дека изненадивме многумина, но ние сакаме да се бориме за титулата“, рекол Пиоли.

Милан викендов ќе игра против одличниот тим на Сасуоло.

Share
Scroll to Top