Пирло: Вљубен сум во овој клуб, сакам да останам во Јувентус

Пирло: Вљубен сум во овој клуб, сакам да останам во Јувентус

пред 4 години

Јувентус го освоија Купот на Италија со победата над Аталанта од 2:1. Дејан Кулушевски го обележа натпреварот со гол и асистенција, но прашање е дали трофејот во Купот може да биде утеха за генерално лошата сезона која ја играат фудбалерите на „старата дама“.

Јувентус не успеа да ја одбрани титулата, која ја освојуваше во претходните девет години, во Лигата на шампионите испадна во осмина-финалето од Порто, а реално е дека наредната сезона нема да играат во Лигата на шампиони.

Во последното коло, Јувентус мора да ја победи Болоња и во исто време да чека кикс на Наполи или Милан.

За лошите резултати најмногу критики трпи тренерот Андреа Пирло. Медиумите се сигурно дека тој ќе доби отказ по завршувањето на сезоната, но Пирло има поинакви планови.

„Ќе останам во Торино. На мисија сум. Го сакам фудбалот, го сакам овој клуб. Сепак, што ќе биде на крајот ќе решат клупските челници. Би сакал да останам, играчите се на моја страна“, рекол Пирло по триумфот над Аталанта.

„Вљубен сум во овој клуб“.

Share
Scroll to Top